ДОБРЕДОЈДОВТЕ
Рударскиот Институт е формиран како работна организација во 1969 година со седиште во Скопје. Во 1997 година Рударскиот Институт се организира како холдинг компанија со управен одбор, на чие чело се наоѓа претседател на одборот. Институтот е организиран така да делува преку научни, истражувачки и развојни оддели во чиј склоп се формираат специјалистички групи со цел да понудат различни услуги во рударството, енергетиката, екологијата и заштита при работа. Институтот ги обезбедува овие услуги преку своите оддели за Подземна експлоатација, Површинска експлоатација, Подготовка на минерални суровини, Енергетика, Екологија и Заштита при работа. |
|