header1
dolelevo
middle
За нас
Истражувачки Проекти
Контакт

РЕЗИМЕ

 

Рударскиот Институт - Скопје е работна организација формирана во 1969 година како оддел на Рударски институт-Белград, по препорака на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија и Стопанската комора на Македонија, од страна на Работничкиот совет на Рударскиот институт-Белград.
Од 1 Август 1984 година Рударскиот институт - Скопје работи како самостојна организација со седиште во Скопје.
Активностите на институтот ги покриваат областите на научно истражување од аста на рударството, развој на истото, проектирање и изградба, применета геологија, геодезија, енергетика, вклучувајќи работи од градежништвото, електрични и машински инсталации. Како дополнение, институтот има специјализирани оддели за заштита при работа, заштита од пожари и екологија.
Зголемениот интерес за активности во рударството и геологијата републиката создаде потреба за основање на оддел која ќе ги покрива и развива новите технологии во рударството и обогатување на суровини.
Развојната стратегија на Рударскиот институт во основа е фокусирана на создавање на високо стручен кадар и опремување на лабораториите за задоволување на потребите кои доаѓаат од страна на нарачателите.
Во првите години приоритет беше даден на развојот на подземната и површинската експлоатација, вклучувајќи и припрема на минерални суровини, заштита при работа и вентилација во рудници.
Во последните неколку години актив ија, металургија и енергетика беа развиени како резултат на несоодветниот третман на овие дисциплини од аспект на комплексно и рационално искористување на минералите во републиката.
Периодот после 1979 година се карактеризира со значително зголемена активност во рударството. Изградени се и пуштени во работа рудникот за бакар Бучим, површинските копови за јаглен Осломеј и Суводол, Тораница и Ржаново. Во овој период извршена е реконструкција и зголемување на производството во рудниците Саса и Злетово. Исто така, во тој период, изградени се и пуштени во работа повеќе рударски објекти за неметали, јаглен и украсен камен.
Во реализацијата на овие објекти со своите дејности непосредно учество имаше и Рударскиот институт-Скопје.
Рударскиот Институт има сопствена зграда (која може да се прошири по потребаа) со соодветно опремени лаборатории кои даваат основа за негов понатамошен развој.
Лабораториите се добро опремени за работа во сите области на истражување на минерали, со посебен осврт на обогатување и концентрација на минерали, хемиски и технолошки анализи, технолошки анализи во лаборатории и на лице место, опрема за терестрички и фотограметриски снимања, опрема за анализа на воздух со следење и одредување на концентрации на штетни материи во истиот. Како дополнение, Институтот нуди и комплетна опрема и технологија за следење на вибрационата состојба и температури на машини и технолошка опрема.
Заради заеднички настапи на одделни проекти, размена на искуства, специјализации и друго, воспоставена е научно-техничка соработка со голем број на институти во земјата и странство.
Посебен белег на Институтот му даваат дејностите кои опфаќаат работи пошироко од рударството, односно заштита при работа и заштита на човековата околина, енергетиката и техничката сигурност, металургијата и процесниот инженеринг.
Организационо Институтот работи преку научно истражувачките и проекта-нтски тематски области во чиј состав се формираат специјалистички групи.
Во состав на институтот влегуваат одделите за Рударство, Енергетика, Екологија и Заштита при работа. Одделот за рударство ги опфаќа областите на Подземна експлоатација, Површинска експлоатација и Подготовка на минерални суровини.
Вкупниот приход Институтот го остварува преку реализација на научно-истражувачки проекти финансирани од страна на Министерството за образование и наука, меѓународни и меѓудржавни фондации за научно-техничка соработка и други активности преку реализација на договорени проекти од страна на корисниците на услуги од земјата и странство.
Институтот има тесна соработка со ЕЛЕМ и Факултетот за рударство и геологија при универзитетот “св. Кирил и Методиј”-Скопје. Кадрите од овие установи се вклучени во заеднички активности на двете институции.

Исто така Рударски Институт има соодветна соработка со владините институции како што се Министерството за Економија, Министерството за образование и наука и други.
english
 
Copyright © 2005 RI ENERGY