ЕНЕРГЕТИКА
Основната дејност на овој оддел е:
- проектирање и инженеринг на енергетски објекти,
- машински постројки и системи во рударството,
- комплексни мерења,
- испитувања и анализи за работењето на енергетските објекти,
- контрола и дијагностика на сите видови на ротациони постројки,
- организирање и воведување на современи методи за предиктивно одржување на постројките.
Овој оддел ги користи последните достигнувања на науката и техниката, применувајќи современа инструментална техника (опрема за мерење, анализа и дијагностика на вибрации, термовизиска опрема, опрема за термо технички испитувања и друго), компјутерска опрема со соодветни методи.
Активностите на овој оддел се насочени кон повеќе области, и тоа:
- Проектирање на енергетски системи, рударски системи и системи од областа на машинството со инженеринг, вклучувајќи активности од комплексни истражувања за функционалноста на машинските и енергетските постројки, изработка на фисибилити студии, идејни и главни проекти.
Еден од поголемите зафати од оваа област е изработката на Студијата за топлификација на Македонска Каменица, по чие завршување се пристапи кон изработка на идеен и главен проект. Стручниот кадар од овој оддел беше активно вклучен во реализацијата на овој проект.
Со примената на современа мерна техника и методи на испитување, активно се работи на комплексни мерења и анализи на енергетски постројки, со давање на решенија за оптимално искористување на горивата и енергијата, и рационализација на процесите во овие објекти.
Како најкарактеристични работи од оваа област ги издвојуваме Студијата за подобрување на капацитетот на котлите ВКСМ 40 во топланата Запад – Топлификација – Скопје, вклучувајќи поголем број на проекти и стручни извештаи од извршените прегледи на котелските постројки во Македонија.
- Покрај стандардните инструменти за мерење на температура (електрични термометри со термопар и електрични термометри со термички отпор) овој оддел располага со термовизиска опрема за примена во индустријата, енергетиката и металургијата.
Резултатите кои се добиваат со примена на оваа опрема се неспоредливи, во однос напрецизност, сигурност и брзина на обработката на истите. Во црната и обоената металургија, термовизиската опрема се користи за следење на состојбата на термоизолационите облоги на печките, конверторите, казаните за пренос на растопен материјал и слично. Со користењето на оваа опрема се добива јасна слика за моменталната состојба на дадениот објект, по што се превземаат мерки за санација во колку се дека има потреба од истата.
Во електростопанството, термовизијата наоѓа голема примена. Истата се користи за снимање на трансформатори, трафо станици, генератори и електромотори. Така на пример, при испитување на трафо станица кога целата постројка е во погон, многу едноставно и брзо се снимаат сите елементи: одвојувачи и склопки, струјни и напонски трафоа, споеви, стеги и сл. На местата каде има лош спој (лабави завртки, споеви со неистотии на контактните површини и сл.) се детектира зголемена температура. Со термовизиското снимање се откриваат овие споеви со голема точност, и точно се лоцира топлото место за понатамошен третман.
Исто така, термовизиските испитувања се применуваат и кај генераторските постројки за откривање на топли дамки кои се индикатори на можни места за пробив на изолацијата.
Во досегашната работа, термовизиски испитувања се вршни во скоро сите работни организации кои работат на производство, транспорт и дистрибуција на електрична енергија, како на пример: ТЕ Битола, ХЦ Мавровски централи – Гостивар, Електропренос – Скопје и други.
Во енергетиката, како и пошироко во индустријата, термовизијата наоѓа широка примена во испитување на иолацијата на пароводи, топловоди, екрански цевки на котелски постројки и постројки за производство на нафта, печки за топење на стакло, испитување на ротациони и тунелски печки во индустријата за градежни материјали. Не треба да се нагласува дека термовизијата се употребува и секаде каде што треба да се одреди температурата, степенот на оштетеност на термоотпорни облоги, квалитетот на изолацијата и друго.
- Покрај другата инструментална опрема, овој оддел располага со опрема за контрола, следење и дијагноза на вибрациите на ротационите постројки во енергетиката, рударството и другата индустрија. Врз основа на резултатите од овие мерења се применуваат соодветни санации.
Како што е познато, нивото на вибрации е одраз и оценка на конструктивните, технолошките, монтажните и експлоатационите каракте-ристики на постројката, при што испитувањата може да се поделат на:
- Гаранциски испитувања, со давање на оценка за квалитетот на конструктивно-монтажните карактеристики на ротационите постројки.
- Периодични испитувања и следење на вибрационото ниво со одредена динамика, со давање на оценка за моменталната состојба на ротационата постројка и претскажување на нејзиното понатамошно однесување.
- Предремонтно испитување, кое дава оценка за состојбата на постројката и укажува на евентуалните недостатоци на кои треба да се обрне поголемо внимание за време на ремонтот.
- Постремонтно испитување, кое дава оценка за квалитетот на извршениот ремонт.
- Во досегашното работење извршени се голем број на вибродијагностички испитувања, како на пример со ТЕ Битола, ХЦ Мавровски централи – Гостивар, ОХИС, Рудници и железарница – Скопје, Топлификација-Скопје, ОКТА и други.
Една од најсовремените методи за одржување која денес се применува во индустријата и овозможува да се постигнат најдобри техноекономски резултати е методата на Одржување по состојба ( ОПС метода ) .
|
|